Патиките од моделот Moon Shoe се дизајнирани за американските спортисти кои се подготвуваа да учествуваат на Олимписките игри во 1972 година.

Еден од првите парови на брендирани патики на “Најк” е продаден за рекордни 437.500 американски долари на онлајн аукција на Сотби, објави БТА. Плаќањето на износот е рекорд за патики.

Моделот Moon Shoe беа дизајнирани за американските спортисти кои се подготвуваа за Олимписките игри во 1972 година. Само 12 пара беа произведени. Парот патики кој беше продаден е единствениот кој никогаш не бил носен. Неговата прелиминарна проценка била помеѓу 110.000 и 160.000 долари.

Претходниот рекорд, во вредност од 190.372 долари, беше направен во 2017 година од страна на пар на патики од марката Converse Fastbreak, кои ги носеше познатиот кошаркар Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984 година.

Овој пар на патики Moon Shoe бил купен од 61-годишниот канадски претприемач Мајлс Надал, кој планирал да го стави во неговиот приватен музеј во Торонто.

Првично Moon Shoe беа дел од колекција од 100 пара патики понудени за продажба онлајн аукција, организирана од Sotheby’s во партнерство со специјализираниот сајт Stadium Goods. Мајлс Надал планираше да ја купи целата колекција, но сопственикот на “Moon Shoe” одлучи да се повлече од аукцијата минатата недела и да ги понуди посебно за продажба. Потоа Надал ги купи останатите 99 пара патики за рекордни 850.000 долари. Впрочем, тој стана сопственик на целата колекција од 100 пара патики.

Moon Shoe го должи своето име на сличноста помеѓу трагите што ги оставиле патиките и стапките на американските астронаути на Месечината.