Групата инвеститори поднесе колективна тужба против британските банки Barclays, JP Morgan, Royal Bank of Scotland (RBS), UBS и Citigroup, обвинувајќи за „местење“ курсеви на глобалниот девизен пазар.
Тужбата, која е проценета на повеќе од една милијарда фунти (1,24 милијарди долари), беше поднесена денеска во Апелациониот суд (CAT) во Лондон, соопшти американската адвокатска канцеларија “Skot&Skot”.
ЈП Морган, РБС и УБС одбија да коментираат, а Баркли и Ситигруп досега не одговориле на барањата на агенцијата за коментари.
Некои од најголемите инвестициски банки во светот веќе платија повеќе од 11 милијарди долари во спогодбата за да се справат со американските, британските и европските регулатори во судски постапки во кои тие се тужени за „местење“’ на девизни курсеви на девизните пазари.
Обвинителите се надеваат дека во Велика Британија ќе го повторат успехот на колективните тужби во САД против банките, вклучувајќи ги и “Goldman Sachs”, “HSBC” и “Barclays”, во кои големите инвеститори добија компензација од 2,3 милијарди долари.
Во мај оваа година, Европската унија казни пет банки со вкупно 1,07 милијарди евра (1,19 милијарди долари) за одредување на девизните курсеви преку брокерските картели познати како “Essex Express” и “Triple banana split”.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк