Alan Greenspan, поранешен шеф на Федералните резерви на САД, смета дека еврото е осудено на пропаст и ја советува на Грција да ја напушти еврозоната.
“Јас не гледам како еврото може да преживее во сегашната форма, освен доколку не дојде до поцврсто политичко поврзување помеѓу земјите на ЕУ”, изјави Greenspan за BBC.
Greenspan тврди дека на Европа би и било подобро без еврото, бидејќи монетарната унија е премногу комплицирана и може да функционира само доколку европејците изберат заедничка европска влада, која би ги донесувала сите одлуки. Грција е идеален пример за ”затегнатите” односи внатре во еврозоната.
“Јас не гледам како може да се реши овој конфликт, освен со излез на Грција од еврозоната. Само е прашање на време пред сите страни да разберат дека ова е најдобрата стратегија “, изјави американскиот економски експерт.
Greenspan тврди дека тој никогаш не бил симпатизер на еврото и смета дека одлуката за воведување на заедничката европска валута не е оправдано со економски, туку и со геополитички аргументи.
Greenspan верува дека напуштањето на еврото значително нема да ја потресе глобалната економија.