Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува наплата на комуналните долгови на граѓаните преку извршител, пренесува Sputnik.
Законот предвидува забрана извршителите да ги наплатуваат комуналните долгови со цел да се заштитат правата на граѓаните. Во објаснувањето на законот стои дека предавањето на правата на непрофесионални учесници на пазарот им ја одзема можноста на граѓаните да ја оспорат висината и основаноста на долгот.
Сепак, долговите за станбени и комунални услуги можат да се префрлат на професионални учесници на пазарот, вклучувајќи и организации за управување и снабдување со ресурси.