Велика Британија одвои дополнителни 2,1 милијарди фунти за да се подготви за „Брекзит“ без договор.

Новиот министер за финансии, Саид Хавид, рече дека парите ќе бидат наменети за мерки како што се повеќе службеници во граничните сили, подобрена инфраструктура на пристаништата, залихи на лекови и национална рекламна кампања. Овој потег следува откако новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, кој ја презеде функцијата минатата недела, вети дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври без договор, освен ако ЕУ не се согласи да преговара за ирското стопанство и пограничен проблем кој го имаат.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк