Поделени се првите картички на земјоделци за корситење на „зелена нафта” односно набавување за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација. Мерката ќе можат да ја користат 55.000 земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018. На овој начин околу 200 милиони денари ќе завршат директно кај земјоделците.

Пресметката за тоа, кој земјоделец колку ќе има на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции, при што минималниот износ износ кој ќе биде одобрен за мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран до 100.000 денари. Со персонализираната картичка и со расположливата сума ќе може да се точи исклучиво „евродизел” за земјоделската механизација, а краен рок за користење на средствата е април 2020 година.

Оваа мерка е одговор на децениските барања на земјоделците за вистинска грижа и вистински реформи во земјоделството. Зелената нафта е последната од низата мерки кои обезбедуваат помали трошоци, подобри услови за работа, поконкурентно производство и повеќе пари за секој земјоделец. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализацијата на мерките и политиките што го развиваат и унапредуваат земјоделството кое е клучна стопанска гранка.