Од 1 август УНИ банка АД Скопје ја подобрува понудата за своите потенцијални и постоечки клиенти. Сите нови корисници на ненаменскиот потрошувачки кредит имаат можност да подигнат кредит до 1.200.000 денари, без жирант, за кој ќе добијат моментално најниска годишна каматна стапка на пазарот од 4,75% фиксна за првите две години, 6,75% фиксна за останат период, со рок на отплата до 95 месеци.
Процедурата е брза и едноставна, односно барањата на клиентите се одобруваат во рок од 30 минути. Со овој чекор значително за клиентот ќе се олесни плаќањето на непредвидените трошоци, затворањето на постоечките финансиски обврски, или пак едноставно би се задоволила потребата од готови пари.
За корисниците на овој кредитен продукт банката нуди бесплатно мобилно банкарство и дебитна картичка.