Туристички железнички воз првпат тргна од Дар ел Салам, Танзанија, до Лобито, Ангола, железничка пруга изградена од Кина што ги поврзува индискиот и атлантскиот брег на Африка.
Ова е прва железничка линија што ги поврзува истокот и западот на Африка. Возот заминал од Дар ел Салам на 14 јули, со педесет и четири туристи, пренесува кинескиот портал ЕЦНС.
Пругата е долга 4.300 километри и се состои од два дела: Танзаниски железници, чија изградба беше помогната од кинеската влада во 1970-тите, и Бенгели Железници, изградени од Кинеската железничка корпорација во последните децении, објави Спутник.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк