(Блумберг) – Продукти од растителни протеини повеќе не се наоѓаат на периферијата за канадскиот гигант за производство на месо: Maple Leaf Food Inc.

Компанијата со седиште во Мисисага, Онтарио гради зграда од 310 милиони американски долари во Шелбивил, Индијана, за која се очекува да го удвои капацитетот за производство на месо со алтернативен извор – од растителна природа. Во четвртокот, тие предупредија за потенцијален удар на маргините од „нови и агресивни“ цели кога станува збор за протеини од растително потекло.

„Нашиот став за работење со растителни протеини се насочи од стратегијата за диверзификација до основна и возбудлива платформа за раст што буквално може да ја трансформира оваа компанија во текот на следната деценија“, рече главниот извршен директор Мајкл Мекејн на конференциски повик со аналитичарите.

„Играта е радикално променета“, со новите учесници кои користат брза игра, базирана на технологија, рече тој. Beyond Meat Inc., се појави како миленик оваа година на пазарот на ИПО, при што УБС Груп АГ предвидува дека пазарот за растителни протеини ќе достигне 85 милијарди американски долари до 2030 година од 4,6 милијарди американски долари како дел од технолошката револуција во земјоделството – сега.

Maple Leaf ја купи компанијата Lightlife Foods во 2017 година и подоцна создаде подружница за производство на протеини од растенија, Greenleaf Foods SPC.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение на редакцијата на БанкоМетар.мк