СДСМ продолжува дрско да ги лаже и манипулира граѓаните на Република Македонија. Речиси три години македонскиот граѓани е жртва на криминалната и неспособна власт предводена од аболицираниот Зоран Заев. Криминалната банда на власт денеска се пофали дека вратила 200 денари кај македонскиот граѓанин со намалувањето на цените на парното, а притоа ,,забораваат” да споменат колку милиони евра земаа директно од џебот на граѓанинот преку погубните економски политики, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.
-,,Забораваат” да споменат за колку илјади денари го скратија домашниот буџет на секое едно семејство со зголемувањето на акцизата на нафтата со што вртоглаво пораснаа ценита на горивата. ,,Забораваат” да кажат колку пари земаа од џебот на обичниот граѓанин преку зголемените даноци. Популизмот на СДСМ не може да го покрие осиромашувањто на граѓаните кое секојденвено се случува. Додека криминалната власт предводена од аболицираниот Заев преку штури соопштенија се фали дека ги враќа парите назад кај граѓаните, трошоците за живот растат, се потенцира во реакцијата на партијата и додаваат:
„Јавниот долг е во континуиран раст, а капитални проекти нема. Повеќе од 500 илјади македонски граѓани живеат со еден оброк во денот, живеат во сромаштија. Просечниот македонски граѓанин не може да си дозволи да оди на одмор, 61 процент од граѓаните на Република Македонија немаат средства да заминат на годишен одмор. Македонските граѓани бегаат од ,,животот” кој го донесе СДСМ, повеќе од 80 проценти од Македонците сакаат да си заминат од Република Македонија, токму поради штетните политики на СДСМ.“