Директорот на научно-истражувачкиот оддел на Народната банка на Кина, Лу Леи, не ја исклучува можноста земјата да се соочи со ризик од дефлација во услови на слабата домашна побарувачка, што го попречува економскиот раст на Кина.
“На среден рок најголема неизвесност носи ризикот од дефлација”, изјави Лу Леи.
Според проценките на експертите, економијата на Кина во 2015 година ќе порасне за 7,1 проценти, а потрошувачките цени ќе се зголемат за 1,8 проценти.
Во 2014 година бруто домашниот производ (БДП) на Кина се зголеми за 7,4 проценти, што е најслаб резултат од 1990 година. Владата на Кина, според мислењето на многумина аналитичари, ќе го утврди целниот показател за растот на БДП за оваа година на ниво од седум проценти.
Потрошувачките цени во Кина во 2014 година се зголемија за два проценти во однос на претходната година, додека во јануари оваа година, инфлацијата се намали на 0,8 проценти на годишно ниво.
Како што беше истакнато од Лу Леи, економијата на Кина нема нов иницијатор за раст на подолг рок.
Експертите сметаат дека производствениот сектор на земјата продолжува да се соочува со проблеми поради загубата на конкурентни предности, како и зголемена продукција во низа сектори.
На кинеските власти им преостанува да ја корегираат политика во склад со развојот на настаните, изјави Лу Леи.