Се очекува да го посетуваат околу 2 милиони луѓе годишно по неговото официјално отворање

Тематски парк посветен на иконската јапонска измислена хероина Hello Kitty ќе се изгради во јужната кинеска провинција Хаинан во наредните години, објави ТАСС, повикувајќи се на Синхуа.

Заедничкото вложување на Sanrio, кое е сопственик на правата на брендот, и Funde Holding Group се очекува да биде отворено во 2024 година.

Тематскиот парк ќе се наоѓа на подрачјето на Заливот на Хаjтан во популарното одморалиште град Санја. По неговото официјално отворање, се очекува годишно да го посетуваат околу 2 милиони луѓе, со оглед на популарноста на Hello Kitty и во Кина и во странство.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк