Како банка лидер во иновативните, модерни технологии за банкарско работење Прокредит банка им нуди уникатна услуга на своите клиенти – да повлекуваат и дополнуваат евра директно на банкомат. Со оваа услуга клиентите на банката може со само неколку клика на банкомат да располагаат со евра и тоа без да трчаат до менувачница или да чекаат ред во работното време на експозитурите.

Услугата за уплата и исплата евра на банкомат е достапна за сите клиенти на банката кои имаат сметка во евра и Mastercardкартичка. Бидејќи Mastercard картичката на ПроКредит Банка е мултивалутна картичка поврзана со трансакциски сметки во денари и евра, истата им овозможува на клиентите пристап до сопствените сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди.