Само шест од речи шеесет километри долгото охридско- струшко крајбрежје е урбанизирано, предупредуваат од Хотелската асоцијација на Македонија-ХОТАМ. Оттаму велат дека ситуацијата е статус-кво веќе неколку години а тоа ја оневозможува изградбата на нови хотелски капацитети, што директно влијае врз развојот на туризмот.

Потсетуваат дека одамна имаат поднесено барање за носење Генерален урбанистички план за целиот потег, но оти нема слух од институциите. Поради недостигот на хотелски легла, се жалат дека не можат да одговорат на се поголемиот интерес на странските тур-оператори.

„Во моментот ако бараме локација за нов хотел, можам да кажам дека нема, не постои. Има луѓе, има инвеститори, има луѓе кои излегле надвор и и кои сакаат да вложат и да направат нешто. Но треба да им се овозможи. Треба да се дадат локации на јавно надавање и ќе се добие цена. Има интересни локации, каде треба да се изградат хотели,а не да се узурпираат за нешто друго“, рече Крсте Блажески-претседател на Хотам.

Од општина Охрид за Алсат рекоа дека по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион заедно со Стратегијата за оценка на влијанието на животната средина и новата Стратегија за развој на туризмот во Охрид (2020-2025), Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште ќе започне со изработка на урбанистички планови за крајбрежниот појас како и на урбанистички планови за села или општи акти за села.

Општина Охрид:

„Овие активности се во согласност со Препораката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО под реден број 7 и истите се предвидени во рамки на Акцискиот план, кој општина Охрид го изготви врз основа на заклучоците од 146-та Седница на Владата на Република Северна Македонија“.

Aнализите покажуваат дека e бројот на хотелски објекти кои се изградени покрај крајбрежјето во последните години не е е поголем од десет. Охрид и Струга располагаат со 10.000 хотелски легла, што според хотелиерите е недоволно да се одговори на побарувањата.

 

Извор:  АлсатМ