Одредени земји го намалуваат данокот на доход за младите работници, бидејќи така се обидуваат да го спречат „одливот на мозоци“ или т.н. ” brain drain” што особено ги погодува земјите од Централна и Источна Европа, пренесува CNBC.

Во Полска, околу 2 милиони работници се ослободени од плаќање данок на доход, додека Хрватска планира да го укине данокот на доход за оние на возраст до 25 години, и да го преполови за оние меѓу 25 и 30 години. Во 2017 година, од 17 милиони луѓе кои се преселиле во друга земја во рамките на блокот, 32% биле на возраст меѓу 15 и 34 години.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк