Австралискиот долар веќе е на најниско ниво за една деценија !
Австралиската Централна банка ги задржа каматните стапки непроменети од неодамнешното намалување на каматните стапки, кои, во комбинација со ескалацијата на трговската војна, помогнаа да се урне локалниот долар на најниско ниво за една деценија, пренесува Блумберг.
Гувернерот на Централната банка, Филип Лоу и остатокот од управувачкиот сектор со финансиската институција ја задржаа основната каматна стапка од 1% како што се очекуваше. Наспроти ова, австралискиот долар опадна за повеќе од 3% од јули, што им помага на извозниците.
„Разумно е да се очекува дека ќе биде потребен долг период на ниски каматни стапки во Австралија за да се постигне напредок во намалувањето на невработеноста и да се постигне посигурен напредок на целта кон инфлацијата“, рече гувернерот Лоу во изјавата за вторникот.
Гувернерот на централната банка исто така рече дека Одборот ќе продолжи внимателно да ги следи случувањата на пазарот на трудот и дополнително да ја олесни монетарната политика доколку е потребно.
Економијата во Австралија нагло забави од средината на минатата година, при што домаќинствата се борат со рекорден висок долг и низок раст на приходите. Централната банка ги намали каматните стапки во јуни и јули, со двојно намалување за прв пат од 2012 година. Во тек се решенија за стимулирање на потрошувачката и намалување на вредноста на австралискиот долар.
Австралиската централна банка ја намали прогнозата за економски раст за оваа година за 25 основни поени на 2,5% и ги потврди очекувањата за раст од 2,75% за следната година.
Кратко време по објавувањето на одлуката на централната банка, австралискиот долар се зголеми за 0,49% во однос на американскиот долар на 0,6789 долари.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк