Премиерот Зоран Заев со видео порака на својот фејсбук профил, го најавува претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.

– Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици,  регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат, вели Заев во пораката на ФБ.