Компанијата Virgin Pulse Bosnia, во сопственост на британскиот милијардер Ричард Брансон, ги шири капацитетите.

Компанијата објави дека двојно ќе го зголеми својот работен простор во Тузла на 2.300 м2, како и дека ќе вработи уште 15-тина софтверски инженери.

Производот на Virgin Pulse претставуваат единствена и иновативна дигитална платформа која ја користат компаниите и корпорациите од различни индустрии со цел промовирање на здрави животни навики помеѓу своите вработени.

Платформата која е концептирана и развиена во Тузла се користи ширум светот, а меѓу клиентите се наоѓаат и 10 проценти од компаниите кои се наоѓаат на листата на Fortune 500 за најуспешните глобални компании.

Користејќи го нивниот производ, вработените се охрабрдуваат и наградуваат за водење на здрав животен стил, што подразбира воведување физички активности во секојдневниот живот, усвојувањето на здрави навики во исхраната и одржување на квалитетни друштвени интеракции меѓу колегите.

Од Virgin Pulse претходно изјавија дека имаат намера во наредните неколку години да бидат водечка компанија IT секторот, не само во Босна и Херцеговина, туку и во целиот регион.

За потсетување, Брансон претходно ја превзема тузланската компанија Piksel Interactive која вработи околу 100 млади и образовани луѓе, и која со тоа стана дел од групацијата Virgin, па го промени името во Virgin Pulse Bosnia.