Цел на намалената вредност на јуанот е јакнење на конкуретноста во меѓународната трговија со применување нечесни мерки, тврдат во американското Министерство за финансии.

Кина манипулира со валутата за да обезбеди конкурентност во меѓународната трговија, смета американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, со што дополнително се заострени тензиите во односите меѓу двете најголеми светски економии.

Кина во изминатите неколку денови ја држи на ниско ниво вредноста на јуанот со големи интервенции на девизниот пазар, се нагласува во соопштение.

Цел на намалената вредност на јуанот е јакнење на конкуретноста во меѓународната трговија со применување нечесни мерки, тврдат во американското Министерство за финансии.

Мнучин нагласува дека во следната фаза ќе се консултира со ММФ „за да се елиминира нечесната конкурентна предност произлезена од актуелните кинески потези”. Со спорните мерки Пекинг воедно прекршил обврска преземена на ниво на Г-20 дека нема да се служи со инструменти на валутната политика за да поттикне конкурентност на економијата, порачуваат од Вашингтон.