За да станете еден од најбогатите во светот, треба да заработите 324.000 долари на годишно ниво, пренесува “Global Rich List“.
“MSN“ известува бројки кои јасно ја покажуваат состојбата во САД и колку пари требаат за да стигнете на врвот на списокот на богати луѓе во таа земја.
Во најбогатиот еден процент во Соединетите држави може да се „пробијат“ оние кои заработуваат минимум 421.926 долари годишно, откриваат аналитичарите. Тоа значи дека треба да заработите 35.161 УСД месечно или 1.156 УСД за денот.
Најбогатите Американци заработуваат 26,3 пати повеќе од сите други луѓе. Просечниот член на клубот заработува 1.317.000 долари годишно. Ајде да повлечеме паралела, просечниот член на другите 99 проценти од луѓето заработува 50,107 долари на годишно ниво.
Групата од 1 процент од најбогатите Американци поседува 42,5 проценти од парите на земјата. Тоа е 3.29 милиони луѓе. Останатите 57,5 проценти од парите на државата ги делат другите 325,7 милиони луѓе. Ниту една друга земја во светот нема слична ситуација во која толку малку лица поседуваат толку многу пари.
Експертите советуваат дека можете да работите прекувремено, да побарате унапредување или поголема плата и да започнете бизнис за да ги зголемите финансиските приходи.
Исто така, друг добар начин да го зголемите вашето богатство е да инвестирате пари. Не ви треба многу искуство за да го работите ова и исто така е можно да ангажирате луѓе за да ви помогнат да ги ставите парите на вистинското место.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк