Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како акционерско друштво со посебни обврски за известување, го објавува следното тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:
Собранието на акционери на Банката го именуваше д-р Георг Бухер за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за што е добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРСМ.
Д-р Георг Бухер, кој поседува богато професионално искуство во областа на банкарството, е член на Управниот одбор на Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац од 2004 година и, меѓу другото, надлежен е за Стратегија и деловен развој во ЈИЕ.