Водечките американски технолошки компании изгубиле 162 милијарди долари на вчерашното тргување на Wall Street, при што најголема загуба имаше „Apple“.
Ова беше најдраматичен пад на американските индекси во оваа година.
„Microsoft“, „Apple“, „Amazon“, „Alphabet“ и „Facebook“, петте највредни американски компании, заедно изгубиле 162 милијарди долари, што покрена поширока криза на пазарот на акции, предизвикана, меѓу другото, и од загриженоста поради трговската војна меѓу САД и Кина.
Овие компании во петокот изугбија 66 милијарди долари од пазарната вредност.