Жилет, водечкиот светски производител на сетови за бричење и жилети, забележа рекордни загуби. Во четвртиот квартал на фискалната 2018-2019 година, Procter & Gamble, компанијата која е сопственик на Жилет, објави загуба од 5,24 милијарди американски долари, според францускиот весник Капитал.
Овој пад на продажбата се должи на неколку фактори: зголемена конкуренција, флуктуации на девизниот курс, но најмногу на модата на брадата. Сè повеќе, небричењето го стесни пазарот за жилети и ножеви во развиените земји, рече ЦФО на Procter & Gamble, Мион Мулер.
Жилет беше купен од Procter & Gamble за 57 милијарди долари во 2005 година. Од 2010 година, Жилет се соочи со некои тешкотии, особено во САД, каде што „стандардите за социјално бричење“ не се толку строги.
Мажите не се критикуваат денес, ако не се бричат и тоа не се сфаќа како нешто мрзливо или непочитување, изјави еден од потпретседателите на Gилет за Си-Ен-Ен во 2018 година.
Соочен со трендот на тридневни бради или хипстери, Жилет реши да ја рефокусира својата стратегија, која до сега се фокусираше главно на мажите со слоганот: „Жилет – совршенство во машкиот пол.“ Во јануари, марката ги охрабри мажите да променат дел од своето однесување каде брадата се манифестира како „токсична“ (сексуално вознемирување, агресија …) Жилет се надеваше дека ќе привлече повеќе клиенти искористувајќи ја популарноста на хаштагот MeToo.
Во мај,Жилет ги потресе духовите, обложувајќи се на реклама каде татко го поучувао на трансродовиот син да се бричи.
„Без разлика каде, без разлика кога, без разлика како ќе дојде тој момент. Првиот пат кога ќе се бричите, тоа е специјално “, се вели во рекламата. Реакциите беа огромни и широкоопфатни.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк