Само безалкохолното пиво од сите видови пиво го зголеми својот пазарен удел на годишно ниво во текот на изминатата деценија

Германците, кои се познати по консумирање пиво, сè повеќе целат кон безалкохолните видови, јави ДПА,

Пивото без алкохол учествуваше со 6,5 проценти во пазарот минатата година, наспроти само 2,7 проценти пред 11 години.

Во Германија, само безалкохолното пиво од сите сорти го зголемува својот удел на пазарот на годишно ниво во изминатата деценија, покажува статистиката.

Во моментов, потрошувачката на пиво во Германија е 5 литри по жител, во споредба со 4 литри пред 5 години. Овие бројки само ја земаат предвид комерцијалната продажба и го исклучуваат пивото консумирано во пабови, клубови и ресторани.

До 2000 година, возачите најмногу се интересираа за безалкохолно пиво, но од 2010 година новата генерација го конзумира со енергетски пијалоци и често го консумира со овошни адитиви како безалкохолен пијалок.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк