Поради сомнеж за присуство на африканска свинска треска во Република Србија, Ветеринарната канцеларија на БиХ донесе упатство за привремена забрана за увоз на свињи и месни производи кои не биле третирани на таков начин што африканскиот вирус на свинска треска е безбедно уништен, велат од Ветеринарната канцеларија на БиХ.
Ова упатство ќе биде во сила сè додека не се добијат официјални информации од надлежните органи на Република Србија за елиминација на сомнителна африканска свинска треска.
Извор: Makfax