До јуни 2019 година, 50,3 проценти од пребарувањата на Google останаа без ниту еден клик. Спротивно на тоа, органските кликања на веб-страниците што не се на Google сега сочинуваат само 45% од целиот сообраќај, соопшти фирмата за маркетинг аналитики „Jumpshot“ истражување кое се базира на 40 милиони пребарувања на прелистувачи на работните компјутери и мобилните уреди во САД. Податоците беа обработени од Ранд Фискин, основач на SparkToro.

Трендот на пребарување без кликање се чини дека стабилно расте од 2016 година. Во меѓувреме, органскиот дострел на веб-страниците на трети страни продолжува да опаѓа.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк