Иако се уште не е на дното во време на финансиската криза од 2008-ма година, индексот на банките во еврозоната кои се во врвот, во 2017-та година, изгубија дури 84 проценти од вредноста.

Негативните каматни, падот на приносот на обврзници, посилната регулација и знаците на рецесија избришаа најголем дел од пазарната вредност на европските централни банки.

Откако индексот на среднината на неделата се намали за три проценти, по податоците за слабеење на германската економија и падот на приносот на долгорочната американска обврзница, што се смета како најава за рецесија, пазарната капитализација на европските банки падна под половина милијарда евра, само за споредба, половина од вредноста на „Мајкрософт“.

Цените на акциите на банките денеска се на ниво кога на Грција, Ирска и Португалија им беше потребна меѓународна финансиска помош. Кипар, од друга страна, им нареди на своите банки да ги замрзнување на дел од депозитите на граѓаните, а шпанските банки од пропаст беа спасени исклучиво од паричната инекција од Владата.

Иако се уште не е на дното во време на финансиската криза од 2008-ма година, индексот на банките во еврозоната кои се во врвот, во 2017-та година, изгубија дури 84 проценти од вредноста.

Како што покажува анализата на „Ројтерс“, сега е на само неколку бодови одалечен од нивото во време на падот на Берлинскиот ѕид на крајот на 80-тите години, кога еврото беше далеку од идеја, а во оптек во источноевропските држави се уште беше советскта рубља.

Во својто врв, 2007-ма година, европските банки на берзата вредеа 1,7 билиони долари, значително повеќе од американските конкуренти.

Денеска состојбата е спротивна – европските банки вредат дури третина од капитализацијата на банките од другата страна од Атлантикот.

Ниската профитабилност е главниот проблем кој би можел да доведе до следна европска банкарска криза, наспроти солвентноста, што претставуваше голема загриженост на почетокот на деценијата, велат аналитичарите.

За тоа време американските банки профитира од зголемените каматни стапки и подобрата заработка во инвестициското банкарство.

Европските банки, како да немаат многу потенцијал за ширење, ќе имаат и помал капацитет во финансирањето на европските компании.