Од големите швајцарски компании ќе се бара со закон да даваат извештај дали тие ги плаќаат правилно и еднакво т.е. рамномерно сите вработени и мажите и жените.

Според новите правила, компаниите со повеќе од 100 вработени ќе бидат обврзани да спроведат независни анализи за разликите во платите меѓу мажите и жените до 2021 година и да ги споделат наодите со вработените. Цитирајќи ги владините податоци, Ројтерс објави дека разликата во дискриминацијата во Швајцарија – разликата во платата што не може да се објасни по ранг или улога – се влошува од 2000 година. Во јуни, жените излегоа на улиците да протестираат и да бараат еднаква плата.

 

Се забранува превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк