Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Пензионерите револтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се ранлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата, објавува СИТЕЛ.
Според Аргировски, решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка. Со новиот закон растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата. Заради ова, додека платите годинава се зголемиле за 4%, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки. Тој вели дека ваква формула не се применува никаде во европските змеји. Го споменува примерот со Хрватска, каде во предвид при пресметување се зема ставката која е поповолна за пензионерите.
Надлежното министерствто за труд одговара дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите. И покрај препораките на Светска банка за замрзнување на пензиите, тие растат. Претходната влада усогласувањата ги правеше надвор од закон и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите. Актуелната власт обезбеди стабилна исплата и континуиран раст. Доказ за тоа се статистичките параметри. Во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а во јули 2019 година изнесува 14.530денари, наведуваат од МТСП.