Многу луѓе ширум светот сè уште гладуваат. Сепак, на глобално ниво ние сме безгрижни потрошувачи, фрлајќи третина од храната што се произведува во светот. Македонија е на врвот на листата според фрлање на храна, во услови кога илјадници граѓани не можат да обезбедат три оброци во денот.
Во Македонија голема е бројката на луѓе кои немаат доволно храна, но според граѓанските организации расте и свеста дека храната не треба да се фрла.
Пунктот на Хуманитарната организација Св.Спас во Драчево е само еден од неколкуте кој функционира повеќе од три години, каде околу 220 семејства добиваат продукти од донирана храна.
„За тие семејства обезбедуваме зејтин, сол, шекер, леќа, грав, брашно, палента, конзерви – паштета, месен нарезок, тестини – макарони и шпаѓети, претежно најосновните намирници“, вели Владимир Трпевски – волентер во организацијата Св. Спас.
Храната оваа хуманитарна организација ја добива преку системот „Сите Сити“ во која се вклучени 31 граѓанска организација.
Од граѓанската организација „Ајде Македонија“ е дел од мрежата. Тие ја собираат и ја дистрибуира храната до крајните корисници.
Храната која се конзумира мора да биде безбедна, како донатори може да учествуваат само правни субјекти, додека индивидуалци можат да помагаат како волонтери кои ќе идентификуваат донатори на храна и ќе учествуваат во дистрибуцијата до граѓанските организации.
Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија“ вели дека состојбата со високиот број семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, треба да се промени преку зголемување на можностите за поврзување со компаниите кои имаат вишоци храна, кои преку хуманитерните организации ќе им бидат овозможени на граѓаните, но додава оти се потребни и посебни политики за превенција на фрлањето храна.
„Во моментов навистина имаме се повоќе комапнии коишто влегуваат и се многу активни во мрежата „Сите Сити. Тоа се надеваме дека ќе продолжи, бидејќи можат директоно да ги видат и почувсвтуваат бенефициите за нив и бенефициите што ги даваат за општеството“, вели Јосифовски.
Донираната храна со поминат рок на траење според постоечката легислатива за безбедност на храна, а граѓанските организации потпишуваат Меморандум за соработка за да се вклучат во системот „Сите Сити“, со кој преземаат одговорност за безбедноста на храната во моментот кога ја примаат.
Проценките на „Ајде Македонија“ се дека околу 460.000 луѓе во Македонија не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а според организацијата земјата истовремено е на 10 место во светот по фрлање на храна.