Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за нова претседателка на Европската централна банка за мандат од осум години.

Нејзината номинација е потврдена со 394 гласа „за“, 206 „против“ и 46 воздржани.

Лагард е именувана од страна на европските влади да го наследи Марио Драги на 1 ноември на чело на ЕЦБ.

Минатата недела таа даде оставка од функцијата директорка на Меѓународниот монетарен фонд.