По речиси два века, најстарата туристичка компанија, Томас Кук, банкротираше. Ликвидацијата на компанијата означува крај на ерата на една од најстарите британски компании, која започна со работа во 1841 година со организирање локални екскурзии.

Преживеа две светски војни, иницијатор е на туристички пакет-аранжмани и на масовен туризам, но откако викендов не успеа да постигне договор со доверителите, повеќе од половина милион патници ширум светот, принудени се да го прекинат одморот. Утринава, извршниот директор, Питер Франкхаузер се извини и на туристите и на вработените.

Колапсот на туристичкиот гигант би можел да предизвика сцени на хаос низ целиот свет. Во моментов има 600.000 туристи, претежно од Германија, Велика Британија и Скандинавија, што ја принуди британската влада и осигурителните компании да координираат операција од големи размери за згрижување на клиентите на компанијата. Во Тунис гостите биле задржани додека не се реши проблемот со плаќање на нивното сместување. Има голем број туристите во хотели во неплатени простории и во оддалечени дестинации како Гоа, Гамбија или на грчките острови.

– За овој одмор штедевме со години. Плативме се навреме и за аранжманот и за осигурувањето. Но, сега очигледно ништо не ни останува.

„Требаше барем да не известат со е-маил. Да најдат начин за да не сме шокирани и затекнати на аердромите, немаше никаква информација дека ова ќе се случи.“ – изјави Питер Фанкхаузер – извршен директор на компанијата Томас Кук.

Економските аналитичари потврдуваат дека компанијата Томас Кук пропадна под товар на долгови од 1,7 милијарди фунти, а за тоа придонесе суровата конкуренција на онлајн туристичките услуги, како и промената на туристичкиот пазар на кому туристичкиот гигант не успеа да му се прилагоди. Сега, поради банкроптот, во прашање се доведени и 22.000 работни места во светот, меѓу кои 9.000 во Велика Британија.