Деветта година по ред, една од најуспешните македонски компании „Алкалоид“ ја негува својата општествено одговорна мисија, каде на традиционалниот хуманитарен хепенинг, дава придонес, овојпат за кревање на свеста за значењето на чиста и здрава околина. 

Над 3.000 присутни денеска го дадоа и својот личен придонес, и на настанот организиран од страна на фондацијата „Трајче Мукаетов“ беа собрани над 1.120.000 денари кои ќе бидат донирани на Здружението на граѓани „О2′.

Загадениот воздух, вода, почва се само дел од проблемите со кои се соочува нашето општество, а за чија што промена и истовремено подигање на свеста се залагаат активистите на Здружението „О2“.

Од Здружението велат, поддршката од страна на институциите, но и моќните компании во голема мера го помага процесот за реализација на проектите.

Со ова, „Алкалоид“ на вистински начин го поддржа постигнувањето на крајната цел – одбрана на природата и зачувување на чиста и здрава животна средина.

 

Извор:  24.мк