„Зајакнување на моментумот за европска интеграција” е темата на годинешното издание на Самитот на The Economist, што ќе се одржи утре во Скопје.
Се очекуваат присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран Заев, помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Гај Верхофштат, Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент,…
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на Економист најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година. Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на очекуваната одлука за доделување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.
Оваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на САД и поместувањата на глобалната геополитичка мапа.
– Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција”, потенцираат организаторите.