Седењето пред вашиот компјутер осум часа на ден, пет дена во неделата, има огромно влијание врз вашето здравје. Работењето во канцеларија од девет до пет може да биде стресно и исцрпувачко, но тоа не значи дека не треба да го запоставите вашето здравје. Со мали промени на дневна основа и нова рутина, можете лесно да стекнете добри навики. Еве неколку совети како да бидете поздрави:

Појадок

Доколку денот го започнете со здрав појадок, ќе се чувствувате подобро во текот на денот. Веројатно е примамливо да го дофатите кафето патем, можеби некои кроасани, но треба да го испланирате времето за вистински појадок. Ако не појадувате редовно, ќе се чувствувате уморни, ќе бидете нерасположени и неконцентрирани.

Пијте многу вода

Ако сте жедни, ќе се чувствувате уморни. Многумина од нас честопати жедта ја заменуваат со гладот. Наместо да посегнете по кафе или крофна, обидете се да пиете чаша вода на секој половина час. Ако сè уште сте гладни откако пиете вода, јадете овошје, ореви, бадеми, лешници…

Седете исправено

Лесно е да ги свиткате вратот и ‘рбетот кога седите цел ден. Ако грбот и вратот често ве болат, тогаш веројатно не седите добро. Екранот треба да биде на ниво на вашите очи за да се седи исправно.

Движете се

Ако сте некој кој не се движи цел ден, тогаш веројатно ќе се повредите после долг временски период. Ако немате време да одите во теретана после работа, прошетајте кога одмарате, избегнувајте го лифтот, секогаш одете по скалите и станете од време на време, барем за ужина.

Ручајте надвор од канцеларијата

Лесно е да се занесувате со количината на работа, а потоа да го прескокнете ручекот. Но, не го правете тоа. Со напуштање на канцеларијата и одење на ручек, исто така правите физички пауза и пауза на умот. Многу е важно да не јадете на вашето работно биро.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк