Активностите во индустријата на еврозоната забележаа најголем пад за скоро седум години во септември, по темпото на слабеење на побарувачката, при што бизнисите во Германија најмногу се влошија, покажа во вторникот месечната студија на „Маркит“.

Индексот за набавки на менаџерите на Еврозоната (PMI) падна за 1,3 поени во септември од претходниот месец, паѓајќи на 45,7 поени, што е најниско ниво од октомври 2012 година.

Вредностите под 50 поени сигнализираат пад на активност, а според најновиот извештај на „Маркит“, тој продолжи осми месец по ред во септември.

„Во септември, PMI сигнализираше пад на индустриското производство за повеќе од еден процент, што претставува сериозен проблем за БДП во третиот квартал“, рече главниот економистот со седиште во Лондон, Крис Вилијамсон.

Падот на активноста рефлектира слабеење на побарувачката, странска и домашна, толкуваат во „Маркит“, и укажува на податоци кои покажуваат дека вкупните нови нарачки бележат најголем пад од октомври 2012 година.

Меѓу водечките економии на еврозоната, најлоши според истражувањето се влошените деловни услови во германската индустрија, чијшто PMI потона на најниско ниво од јули 2009 година.

Во Франција, активностите се скоро стагнатни, додека во Шпанија и Италија се намалени, пренесува „Маркит“.

„Најлошото веројатно допрва ќе дојде, со оглед на натамошно влошување на индикаторите за наредниот период (како што е уделот на нарачки во акции)“, предупредува Вилијамсон.

Деловните лидери продолжуваат да се плашат од Brexit и од негативното влијание на трговската војна меѓу САД и Кина, што е потврдено од нивните очекувања од септември да останат на најниско ниво од ноември 2012 година.

„Компаниите остануваат песимистични за претстојната година – очекувањата се на најниско ниво во седум години, заради стравувањата поврзани со трговијата, знаците на опаѓање на глобалната економија и геополитичките ризици, вклучително и зголемената вознемиреност поради хаотичниот моментум“, објаснува Вилијамсон.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк