Глобалните потрошувачи имаат највисоки оценки за производите од Германија, а најмалку ги ценат кинеските производи, според истражувањето на агенцијата за јавно мислење YouGov и Универзитетот Кембриџ.

Повеќе од половина од испитаниците во 23 земји дадоа позитивна оценка за германските производи, а само шест проценти им дадоа негативна оценка, покажуваат резултатите од истражувањето преку интернет.

Според оваа анкета, Германија е на првото место со 45 освоени бода, додека Италија е втора со 38 бода. Следуваат Велика Британија и Франција, и двете со по 34 поени, Јапонија со 33 поени и е подобра за пет поени од Јужна Кореја.

Истовремено, 44% од испитаниците ги оцениле кинеските производи негативно, а 15% позитивно, јавуваат медиумите. Со 29 бода, Кина се најде на последното место во групата на производители.

Во истражувањето беа вклучени потрошувачи од земји и региони со високи приходи, вклучително и ЕУ, САД, Австралија и Јапонија, но и оние со ниски приходи, како што се Индија, Мексико, Кина, Нигерија и Јужноафриканска Република.

„Нашето истражување покажува дека потеклото на производите значително ја обликува неговата перцепција кај потрошувачите“, заклучија истражувачите.