Владата ќе ја одложи примената на законот за оданочување на капиталните добивки, кој требаше да старатува од наредната година.

Министерката за финансии вели, по барање на Комисијата  за хартии од вредност и берзата, се разгледува опцијата, плаќањето данок од 15%  на оставрената добивката од дивиденда, како и на каматите кои граѓаните ги добиваат од заштедите во банк, најверојатно ќе биде одложено.

„ Министерството за финансии во моментов ја разгледува иницијативата на Македонската берза и на Комисијата за хартии од вредност за одложување на примената и евентуални измени во врска со данокот на личен доход на остварени капитални добивки. Волја за тоа има, се со цел поддршка на растот и заштита на интересите на реалниот сектор и граѓаните.  Нашите напори ќе бидат насочени кон олеснување на примената и овозможување ефикасни и ефективни процеси“, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Законот, меѓу другото  имаше за цел да ги стимулира граѓаните и фирмите заштедите наместо да ги чуваат во банка, да ги инвестираат во други бизниси. Светски тренд е, вели Бишев, граѓаните да им плаќаат камати на банките кои им ги чуваат парите, а не обратно. Годинава  Европската Централна банка веќе ја намали негативната камата

– Овие движења ќе се пренесат и кај нас. Значи инвеститорите и граќаните треба да очекуваат дека каматите ќе паѓаат, но и приносите од заштедите. Добрата вест е што во  Македонија економската активност забрзува изјави Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка.

На 7 по ред појадок кој го организира Ерсте, банкарите најавија и окрупнување  на банкарскиот сектор. Штаермеркише  ја купува Охридска банка, транскација која треба да заврши до крајот на месецот, а Комерцијална  покажа интерес за купување на Еуростандард банката.