Канал 5 ги праша како живее просечниот македонски граѓанин, најголемиот дел од нив велат дека едвај месечно сврзуваат крај со крај. Цените на основните производи за живеачка секојдневно растат, велат,  а едно македонско семејство не може да се издржува со примања од 200 евра, па дури и ако двајца членови се вработени.

Освен скапиот живот, за граѓаните најгорлив проблем се невработеноста и иселувањето на младите. Според некои податоци од истражувањата на невладините организации дури 53 отсто средношколци и студенти ја напуштиле Македонија, а се зборува дека досега  околу 600.000 млади луѓе се отселиле од државата.

Инаку, според последната Синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија  за месец август на едно четиричлено македонско семејство му биле потребни 32.749,00 денари за покривање на основните месечни потреби. Граѓаните во август најмногу пари потрошиле на исхрана  и пијалоци – 13.683 денари, а 10.410 денари им биле потребни за домување.  Најмалку пари граѓаните издвојуваат за нивното здравје – само 705 денари, покажуваат податоците.

 

Извор: Канал5