Луѓето кои успеале да започнат сопствен бизнис и да бидат успешни во она што го прават издвојуваат некои совети кои ги водеа во нивната кариера.
“Научете да биде говорник” – советува Tim Westergren, основач на американското радио Pandora.
Од сите вештини, кои еден претприемач треба да ги поседува, овој е најважен. Способноста да се пренесе една идеја со доверба, елоквентност и страст е најуниверзална способност која води кон успех.
“Викаат да се облекувате за работата која ја сакате, а не за работата која ја имате” а јас викам: “Работете го тоа што го сакате, а не тоа што го веќе го работите ” – советува Dan Cristo, основач на Triberra.
Вашата идеална работа веројатно вклучува вештини и искуство што не може да ги стекнете во тековното работното место. Учете вештини надвор од работата со која се бавите. Преку други проекти и волонтирање. Потоа започнете да ги користите на вашето работно место.
“Само затоа што му верувате некому не значи дека треба да зависите од него” – советува Farhad Meher – Homji, основач на агенцијата за веб дизајн Brightlabs.
Довербата и работата треба да бидат одделени.
“Секој совршен почеток има три основачи” – советува Saul Klein, основач на Kano Computinga.
1. Некој кој се разбира во изградба на технологии и системи за решавање на проблеми.
2, Некој кој ги разбира човечките фактори кои стојат зад овие проблеми, зошто се таму и што да се превземе за да се реши проблемот.
3. Некој кој знае како да стигнат до потрошувачите, да разговараат со нив и да ги заинтересира нив за тоа што го работиш.
“На прво место изберете каде сакате да живеете и кои се луѓето со кои сакате да се дружите и да соработувате”, советува Michael Wolfe – основач на Pipewisea.
Само после тоа градете кариера која тоа ќе ви го овозможи.
“Треба да знаете дека постојат само три одлуки кои самите ги правите, се друго е прашање на околностите и среќа.”, советува Phineas Barnes, еден од основачите на сајтот First Round Capital.
Ја одбирате вашата идеја, бизнис партнери и инвеститори. Идејата може да се развива или промени но вашиот избор на партнери и инвеститори е она што трајно ќе ве прати, па затоа тие се најважните одлуки.
“Научете да кажете НЕ” – советува Chris Prescott, основач на сајтот Fantasy Shopper.
На самиот почеток ќе бидете полни со ентузијаст и често на секоја нова идеја или можност ќе изговарате “да” , правеќи сето тоа да успее. Под претпоставка дека се е во ред доаѓате до точка кога луѓето доаѓаат кај вас наместо вие да одите кај нив. Вие повеќе не ќе имате време, ниту потреба се да прифатите, па почнете да кажувате “не” со цел да останете фокусирани на вашата визија.
“Бидете многу пребирливи кога вработувате нови луѓе,” – советува Peter Berg, основач на October Three.
Бидете пребирливи, вработувајте ги само најдобрите кандидати. Луѓето се најважна алка во секој бизнис. Квалитетот и квантитетот не се линеарни. Вработувањето на голем број на луѓе не значи дека брзо ќе го решите проблемот а тоа сигурно ќе ве чини многу пари. Значи, вработувајте само професионалци, доколку се случи да сте направиле грешка во проценката, не двоумете се да ги отпуштите.
“Никогаш не се откажувајте е многу чест и лош совет” – изјави Jeremy Liew, еден од основачите Lightspeed Venture Partners.
Работите понапорно е добар совет, кога работите се одвиваат добро, но кога нешто не оди правиот совет е работете поинаку.
“Советот дека страста е најважната за работата не е точен “, вели John Seiffer, основач на Boot Camp.
Се разбира дека треба да сте страствени кон вашата работа – зошто инаку би посветиле толку многу време и би инвестирале пари. Но, многу луѓе чии компании пропаднале, исто така биле страствени кон својата работа.