Собранието на Охридска банка АД Скопје, на седницата која ќе се одржи следниот месец на 08.11.2019 година, донесе Предлог – одлука за разрешување на сегашните членови на Надзорниот одбор на Банката и именување на нови членови.
Согласно Предлог – одлуката се разрешуваат досегашните членови на Надзорниот одбор на Охридска Банка АД Скопје:
- Жан-Филип Гијом, претседател и член на Надзорниот одбор,
- Ален Жерард Конус, член на Надзорниот одбор и
- Марија Којчева-Русева, член на Надзорниот одбор.
На местото на членовите кои се разрешуваат, Собранието ќе именува нови членови на Надзорниот одбор на Банката.
За нови членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се именуваат:
- Георг Бухер од Р. Австрија, роден 1962 година, со висок степен на образование, правни студии.
- Ханс Лудвиг Диксер од Р. Австрија, роден 1967 година, со висок степен на образование, студии по право.
- Славиша Којиќ од Р Австрија, роден 1978 година, со висок степен на образование, диплома по бизнис.
- Валбурга Зајдл од Р. Австрија, родена 1973 година, со висок степен на образование, магистер по социјални и економски науки и бизнис администрација.
Новоименуваните членови се дел и од Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор ќе трае 4 (четири) години.
Оваа Предлог – Одлука стапува на сила откако ќе се изгласа на претстојната седница на Собранието на Охридска банка АД Скопје, а потоа и по добивањето на согласност од гувернерот на НБРСМ за новоименуваните членови, кои ќе стапат на местото на членовите што се разрешуваат.