Унгарија, Луксембург и Хрватска регистрираат највисоки цени на недвижностите во ЕУ – квадратен метар станови во овие земји е двојно поскап од европскиот просек, според Евростат.
Највисок годишен пораст на цените на становите во ЕУ е забележан од Унгарија – за 14% и Луксембург за 11,4%, а Хрватска и Португалија за 10,4% во однос на истиот период лани.
Според официјалните податоци, само Италија забележа пад на цените на недвижностите во однос на претходната година – 0,2 проценти.
На ниво на ЕУ и Еврозоната, цените измерени со индексот на цените на недвижностите се зголемија за 4,2 проценти во однос на вториот квартал од минатата година.
Според ревидираните податоци на Евростат, цените се зголемија за 4,1 проценти во првиот квартал.
Луксембург е меѓу земјите со најголем раст на цените на недвижностите на квартално ниво.
На квартална основа – од април до крајот на јуни, највисоко се зголемија цените на недвижностите во Латвија, за 5,6 проценти, во Луксембург за 5,1 процент, а во Кипар за 4,2 проценти.
Во Хрватска, цените на недвижностите се зголемија за 2,6 проценти во вториот квартал во однос на првиот квартал, кога се зголемија за 3,5 проценти.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк