Акциите во Вол Стрит значително се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со кинескиот вицепремиер Лиу Хе.

Ова ги поттикна очекувањата дека двете држави ќе успеат да постигнат напредок на трговскиот фронт, проценува CNBC.

Индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 251 поен или 0,9 проценти, а поширокиот С & П 500 и технолошкиот Насдак за 1,0 проценти секој од нив респективно.

Акциите на Катерпалар, американски производител на градежништво и рударска опрема, пораснаа за 2,7 проценти, со што компанијата е најголем победник во индексот „Дау Џонс“. Акциите на „Епл“ се зголемени за повеќе од еден процент, додека акциите на банката Морган Стенли, Голдман Сакс,  Ј.П. Морган Чејс напредуваа за повеќе од 2,0 проценти поединечно.

Трамп вчера на твитер напиша:

„Одличен ден за преговори со Кина. Тие сакаат да постигнат договор, но дали сакам јас? Утре ќе се сретнам со (кинескиот) вицепремиер во Белата куќа “.

Европските берзи се исто така во плус, јавува њујоршката агенција Блумберг.

Европскиот Stoxx 50 порасна за 1,01%, лондонскиот FTSE 100 0,63%, германскиот DAX 0,80%, францускиот CAC 40 1,38% и шпанскиот IBEX 35 1,21%.

Во Азија, јапонскиот индекс NiKkei 225 напредуваше 0,45 проценти, а Хонг Конг „Ханг Сенг“ порасна за 0,10 проценти.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк