ХонгКонгшката берза HKEX ја повлече понудата за откуп на Лондонската берза (LSE) вредна 39 милијарди американски долари.

Образложението е дека не успеа да ја добие поддршката на раководството на Лондонската берза за таков потег што би ги трансформирал и глобалните гиганти во секторот финансиски услуги.

Условот за преземање беше за LSE беше да го напушти планираното спојување со американската компанија за обработка на податоци „Refinitiv“.

Лондонската берза ја одби понудата со образложение дека значително ја потценува нејзината вредност, пренесува Танјуг.

HKEX ја повлече понудата ден пред да се изнесуат конкретни услови за преземање на LSE.

Спојувањето би било „стратешки оправдана одлука“ и ќе создаде лидер на глобалниот пазар во инфраструктурата, соопшти HKEX, додавајќи дека тие ја напуштиле понудата во интерес на акционерите.

Според британските регулативи, берзата во Хонг Конг може да поднесе нова понуда само за шест месеци.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк