Инвестициите во Централна Азија обезбедуваат пристап до други пазари во регионот

Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзиојев разговараше со Валентина Матвиенко, претседател на Советот на федерациите на Русија, за можностите и условите за пристапување на Узбекистан во Евроазиската економска унија.

“Според мое мислење, разговарањето за можното пристапување на Узбекистан во Евроазиската економска унија е анкета на јавното мислење за ова прашање. Ова не е приоритет за претседателот на Узбекистан. Во земјата претстојат многу одлучувачки економски реформи и според мене потегот е пропаганда од страна на Русија.” , коментира Љубомир Гетов, сопственик на „Anchor Point Advisers“.

Според него, Узбекистан е интересен за инвестиции и за туризам. „Пазарот не е заситен, условите се привлечни.

Тој информира дека при продажба на имот за нова градба во главниот град Ташкент се достигнува цена од 800-1000 долари за метар квадратен, додека просечната цена е помеѓу 600 и 800 долари.

„Компаниите можат да бидат позиционирани со производството во Узбекистан. Инфраструктурните проекти се ангажмани на меѓународни компании, текстилната индустрија се развива, и секторот за малопродажба – исто така“, додаде Љубомир Гетов. Тој откри дека Ташкент има за цел да стане регионален центар и секој што инвестира во Узбекистан во моментот, како пазари ќе ги освои и Киргистан, Таџикистан и јужен Казахстан.

„Привилегиите на граѓаните на Евроазиската унија се многу сериозни. Но, загриженоста е дека економијата на Узбекистан ќе зависи од Русија се повеќе“, додаде тој.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк