Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави премиерот Зоран Заев.
За намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сѐ она што претставува трошок во зелениот картон, вели Заев.
„Сакаме да го намалиме трошокот за зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните“, рече Заев.