Зголемувањето на минималната саатница на 15 долари, катастрофално влијае на малите бизниси во Њујорк за кои се предвидува дека масовно ќе банкротираат.
Особено погодена е индустријата на ресторани со ниска маргина, според Њујорк пост.
Њујорк пост го објави затворањето на „Ресторанот Габриел и Текила Бар“, кој работи веќе 25 години. Сопствениците на ресторанот Лиз и Нат Милнер се обидуваат цела година да најдат начин да продолжат со својата работа, постепено отпуштајќи голем број на вработени, вклучително и готвачи. Сепак, ова доведе до пад на квалитетот на услугата и губење на гостите.
Слично нешто се случи и во другите ресторани, што го покажува истражувањето на Hospitality Aliance со седиште во Њујорк, покажува дека три четвртини од рестораните морале да го намалат работното време, додека повеќе од една третина прекинале некои работни позиции минатата година, а половина планира да отпушти повеќе вработени до крајот на оваа година.
„Тоа е смрт за бизнис.от „Не можете бесконечно да ја зголемувате цената на плескавицата или сервирање тестенини“, рече Ендру Риги, член на таа организација.
И покрај овие негативни последици, синдикатите кои се борат да воведат минимум 15 американски долари на час, стојат зад својата одлука и сè уште вршат притисок за укинување на системот на работни места во кој работниците зависат од бакшишот, а поддржани се и од гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк