Шведскиот Volvo го покажа долгоочекуваниот прв електричен Volvo, XC40 recharge. До 2025 година се предвидува Volvo да продава 50% од сите електрични автомобили годишно, од кои првото XC40 recharge, ќе се продава кон крајот на следната година.

Како и класичниот XC40, електричната верзија е направена на истата флексибилна CMA платформа, освен тоа што батеријата од 78 kWh е скриена на дното на автомобилот. Напојуван од два електрични мотори, еден по оска, за да обезбеди погон на сите тркала, заедно произведувајќи 300 kW (408 КС) моќ и 660 Nm вртежен момент, дозволувајќи им на XC40 да достигне до 100 км на час за 4,9 секунди. .

Се проценува дека со целосна батерија ќе може да се патува и до 400 километри, додека батеријата ќе се полни за нешто помалку од 8 часа на домашен полнач од 11 kW и од 0 до 80 проценти за 40 минути на брз полнач од 150 kW.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк