Почитувани,
⚠️‼️Ве информираме дека од неовластена електронска адреса [email protected] регистрирани се обиди да се приберат лични податоци за клиенти на Банката.
⚠️‼️Стопанска банка НЕ КОРИСТИ gmail адреси за контакт со клиентите и Банката НИКОГАШ нема да побара преку линк на e-mail да внесете лични или финансиски осетливи податоци.
Повикуваме на зголемена внимателност на клиентите и доколку сте испратиле лични или финансиски податоци на линкот во лажниот допис, Ве молиме обратете се до Министерство за внатрешни работи (Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика) како и информирајте ја Банката со цел заштита на Вашите банкарски податоци.
Овој вид на измами се зачестени и преку лажни Facebook профили, лажни e-mail адреси и други дигитални канали за комуникација, но Банката будно ги следи и известува за евентуалните нерегуларности со цел максимална заштита на своите клиенти.
Повторуваме, Банката НИКОГАШ нема да побара да внесете лични или финансиски осетливи податоци преку линк испратен на e-mail или СМС. Бидете внимателни и секоја сомнителна комуникација пријавете ја до нашиот 24/7 контакт центар (02)3100 109.