Lonely Planet секоја година прави листа на необични градови кои треба да ги посетите барем еднаш во животот. Оваа година, на листата се најевтините градови и држави кои мора да ги посетите во 2020 година, а меѓу нив се наоѓа и нашата држава.
За најдобри градови кои треба да ги посетите во 2020 година, прогласени се Салцбург, Вашингтон и Каиро, а додека за најевтини се прогласени Будимпешта и Охрид.
Иако Англија во последно време е позната по Брегзит, тоа не ја спречува да се најде на првото место.
Англија е позната по природните убавини кои ги поседува. Историските замоци и катедрали се само дел од она што Англија има да го понуди на туристите. Освен тоа, има десет национални паркови, 34 подрачја со прекрасни природни пејсажи. Доколку сте љубители на природата и сакате вистински одмор за очи и душа, оваа држава нема да ве разочара.
На трето место се најде нашата држава. Порталот Lonely Planet ја препорачува Северна Македонија за љубителите на добра храна, традиција и природа.
Но, напоменуваaт дека задолжително е да го посетите Охрид.
Во топ десет земји се и Костарика, Холандија, Мароко.
Кога станува збор за најдобрите градови, Lonely Planet смета дека Салцбург е заслужен победник затоа што станува збор за град кој е на листата на УНЕСКО.
Овој град има прекрасна култура и историја. Ќе уживате во посета на средновековните замоци, уметничките галерии, концертните сали.
Покрај Вашингтон и Каиро, на листата на најдобри градови се наоѓаат и Бон, Ла Пас(Боливија), Вакувер, Дубаи, Денвер.
На листата на најевтини дестинации се најдоа и Србија, Унгарија, Тунис, Грција.